JAGUAR LAND ROVER ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

JAGUAR LAND ROVER ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

ШТО МОЖЕТЕ ДА ДОЗНАЕТЕ ЧИТАЈЌИ ЈА ОВАА ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ


Jaguar Land Rover е еден од водечките светски производители на премиум автомобили. Иновациите и дизајнот им овозможуваат на нашите купувачи да доживеат незаборавни искуства, надминувајќи ги притоа нивните очекувања и потреби. Квалитетот и извонредноста се начела по коишто се водиме, додека грижата за нашите купувачи е приоритет.


Ја почитуваме приватноста на секој поединец којшто ги посетува нашите веб-страници. Оваа Политика за приватност го образложува начинот на кој ги обработуваме Вашите лични податоци добиени преку веб-страниците, и Ве информира за Вашите права во врска со заштитата на личните податоци.


Исто така, ќе Ве известуваме за какви било измени коишто се случуваат во нашата Политика. Ќе Ве известиме кога оваа Политика за приватност ќе биде ажурирана, така што ќе имате време да ја проучите доколку се изменила од Вашата последна посета. Последно ажурирање на Политиката за приватност: 8.1.2024.


ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ - ШТО МОРАТЕ ДА ЗНАЕТЕ ПРИ КОРИСТЕЊЕ НА НАШИТЕ ВЕБ-СТРАНИЦИ


1. КОИ СЕ ВОДИТЕЛИ НА ОБРАБОТКАТА НА ПОДАТОЦИТЕ И СТРАНИЦИТЕ КОИШТО СЕ ПОКРИЕНИ СО ОВАА ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ


  • Кога се повикуваме на „Automobili Group” во оваа Политика за приватност, мислиме на компанијата:

    Automobili Group DOOEL, со регистрирана канцеларија во Скопје, Скупи 8, регистерски број EMBS 7161573, даночен број EDB 4057016534702, овластен продавач и сервисер за Jaguar Land Rover во Република Северна Македонија.


  • Кога во оваа Политика за приватност наведуваме

    „Jaguar Land Rover“, или „JLR“, мислиме на друштвото:

    Jaguar Land Rover Limited, со седиште на Abbey Road, Whitley, Coventry CV3 4LF, чијшто регистерски број е 1672070; Jaguar Land Rover Limited ги собира и обединува податоците за купувачите и возилата како би ги споделил со нашата мрежа на трговци на JLR. Тоа ни овозможува исполнување на барањата за стоки и услуги (како што се одржување, поправки, итн.) како и подобрување на квалитетот на услугите што ги добивате при интеракција со нашата малопродажна мрежа.


  • Кога во оваа Политика за приватност наведуваме „AW Distribution”, мислиме на друштвото:

    AW Distribution Kft, со седиште во Унгарија, Будимпешта, Könyves Kálmán körút 34, регистерски број на друштвото: Cg. 13-09-174957, регионален застапник за Jaguar Land Rover за државите Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Косово, Македонија, Србија и Словенија;


  • Кога во оваа Политика за приватност наведуваме

    „Wallis Adria“, мислиме на друштвото:

    Wallis Adria d.o.o., друштво ќерка во исклучива сопственост на друштвото AW Distribution, основано во Република Хрватска, Загреб, улица Damira Tomljanovića - Gavrana 11, матичен број на друштвото (MBS): 081025336, OIB: 13565467184, кое со своето делување го поддржува деловното работење на друштвото AW Distribution за наведените држави.


Ако сакате да дознаете повеќе за групацијата JLR, Ве упатуваме на линкот подолу „повеќе за нас“.


Друштвото Wallis Adria и Automobili Group дејствуваат како заеднички водители на обработката на податоци што се собираат преку веб-страниците опфатени со оваа Политика за приватност.


Што опфаќа Политиката за приватност:


Оваа Политика за приватност ги опфаќа следните веб-страници за Македонија:



(понатаму во текстот заедно: „веб-страници“ или која било поединечно: „веб-страница“).


За да бидеме појасни, кога посетувате веб-страница која не ја опфаќа оваа Политика за приватност, таквата веб-страница можеби е контролирана од други лица во групацијата JLR или од страна на трето лице кое делува во наше име. Секогаш препорачуваме да ја проучите Политиката за приватност која е обично на дното на веб-страницата која ја посетувате.


Меродавно право:


Политиката за приватност во Македонија е регулирана со Закон за заштита на личните податоци како и со други прописи од полето на заштитата на лични податоци (понатаму во текстот: „применливо законодавство“).


Контакт податоци за односи со купувачите:


Доколку сакате да поставите прашања преку веб-страница, контакт податоците на центарот за односи со купувачите на Jaguar Land Rover е достапен на веб-линковите подолу:



ПОВЕЌЕ ЗА НАС


… за групацијата JLR...


Jaguar Land Rover е дел од групата на компании што се во сопственост на друштвото Jaguar Land Rover Automotive Plc. Повеќе корпоративни информации за Jaguar Land Rover можете да дознаете на веб-страницата: https://www.jaguarlandrover.com/.


Jaguar Land Rover припаѓа во групацијата Tata. Повеќе информации за групацијата Tata и компаниите Tata можете да дознаете на веб-страниците подолу:


https://www.tata.com/about-us/tata-values-purpose te (како и) List of Companies | Investors | Tata group


2. КОИ ИНФОРМАЦИИ ГИ СОБИРАМЕ ПРЕКУ НАШИТЕ ВЕБ-СТРАНИЦИ КАКО И ОД ДРУГИ ИЗВОРИ


Нашите веб-страници примарно служат како информациски алат кој Ви овозможува подобро разбирање на автомобилите, производите и услугите на JLR. Меѓутоа, веб-страниците, исто така, Ви овозможуваат и бројни други функции поради кои ни давате информации кога барате да бидете информирани, да бидете додадени на списоци односно настани, да сте информирани за нашите искуства, како и кога купувате наши производи или кога резервирате односно барате наши услуги.


Најчести начини на кои собираме податоци од нашите веб-страници:


  • Кога посетувате, користите или сте во интеракција со нашите веб-страници; на пример кога поднесувате барање за користење на услуги што се достапни онлајн, кога сакате да дознаете повеќе за некој настан или искуство, или кога барате каква било друга информација;

  • Кога пристапувате до персонализирани подрачја на веб-страницата, или кога користите наши веб-страници заради комуникација кон нас или како место преку кое барате да Ви испраќаме персонализирани потсетници, или заради примање информации во врска со Вашето возило, и/или кога барате некоја услуга за возило, или која било друга информација за која сакате повратна информација;

  • кога давате информации или кога сте во интеракција со кој било линк поврзан со кариера;

  • кога нè контактирате (преку контакт податоци достапни на нашите веб-страници), или кога ни испраќате комуникација со трета страна;


Ве упатуваме на линкот „сакам да дознаам повеќе” доколку сакате да дознаете повеќе за податоците кои можеме директно од Вас да ги собереме.


Информации можат да се примат од други извори. На пример:


  • Информации за Вашето возило собрани од независни трети лица: Кога во сопственост имате возило на JLR информациите во врска со Вас и Вашето возило (вклучувајќи го идентификацискиот број на возилото (VIN)) можат да се споделуваат кога е тоа соодветно внатре во JLR како производител, мрежата на нашите трговци, сервисери, увозници, даватели или приматели на лизинг, или наемодавач, а може да бидат обработувани за потреби на персонализација на делови на веб-страницата на која сте се регистрирале. Која информација ќе се сподели ќе зависи од факторите како што се; од кого сте го купиле возилото, или кои услуги ги барате од нас во текот на период на сопственост на Вашето возило. Ве молиме да го проучите Дел 4 подолу (Со кого ги споделуваме Вашите лични податоци) за да добиете повеќе информации. Воедно Ве упатуваме на нашите посебни политики за приватност кои се однесуваат на услугата InControl доколку сакате да дознаете повеќе информации (за Jaguar https://incontrol.jaguar.com како и за Land Rover: https://incontrol.landrover.com).

  • Давање услуги од трети страни: За успешно извршување на услугите на нашите веб-страници, за успешно чување на Вашите податоци, како и за успешно одговарање на Вашите барања, Вашите лични податоци или податоците за Вашите веб-активности можеме да ги примиме и од други компании од групацијата JLR или од трети страни кои се даватели на услуги во наше име (на пр. потврда за онлајн плаќање, следење на нарачки преку веб-страници, поддршка за одржување на веб-страници, итн.). Повеќе информации за категориите на нашите добавувачи можете да пронајдете во Дел 4 подолу (Со кого ги споделуваме Вашите лични податоци).

  • Податоци за уредот: Нашите веб-страници автоматски собираат одредени податоци за Вашиот уред со цел оптимизација на Вашето корисничко искуство за пребарување на веб-страницата (на пример, овозможување веб-страницата автоматски да ја прилагоди резолуцијата според Вашиот уред што го користите за успешно да ја пребарувате веб-страницата). Овие податоци воедно овозможуваат и анализа на нашата веб-страница. Повеќе информации за автоматизирано собирање на лични податоци и колачиња можат да се прочитаат на нашиот линк „повеќе за колачињата“.

  • Маркетиншки податоци: Вашите контакт податоци, преференциите или други информации може да ни се проследат од групацијата JLR или од трети лица кои се наши партнери, под услов дека претходно сте биле известени за тоа, и ако е тоа во согласност со прописите за заштита на приватноста. Имате право од нас да барате да не ги обработуваме Вашите лични податоци во маркетиншки цели. Ве молиме да ги проучите Вашите права за заштита на приватноста во Дел 7 подолу (Вашите права во врска со заштита на приватноста).

  • Јавно достапни податоци: Можеме да ги обработуваме јавно достапните лични податоци, на пример, за успешно да ја подобриме функционалноста на веб-страницата (на пр. проверка на автентичноста или заштита од измама), и/или за да се одржи точноста на податоците кои ги обработуваме. На пример, повремено ќе спроведуваме проверка со надлежните органи за да се увериме дека податоците за сопствениците на возилата се точни и ажурни.


САКАМ ДА ЗНАМ ПОВЕЌЕ


… во врска со личните податоци кои можеме да ги собираме директно...


Собираме информации кои ни ги давате во текот на користењето на нашата веб-страница, на пример, кога давате информации преку нашиот онлајн формулар или преку полето за пополнување на податоци. Исто така, можеме да собираме Ваши лични податоци со други онлајн средства, на пример, ако давате коментари на нашите социјални мрежи. Тоа е информација која Ви е видлива, а може да ги содржи Вашето име, презиме, занимање, контакт податоци (на пр. е-пошта, адреса, број на мобилен/фиксен телефон), податоци за кредитната или дебитната картичка, податоци за плаќање, податоци за возачката дозвола, податоци за возилото или општи податоци за кои ќе одлучите да ги споделите со нас како што е на пр. Вашето искуство со производите и услугите на JLR.


3. КАКО ГИ ОБРАБОТУВАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Вашите лични податоци ги обработуваме за успешно да одговориме на Вашите барања за давање информации или за исполнување на услуги (вклучувајќи и веб-услуги) што е можно побрзо. За повеќе информации за начинот на обработка и правните основи за истото Ве упатуваме на текстот подолу „сакам да знам повеќе“.


САКАМ ДА ЗНАМ ПОВЕЌЕ...


Најчести начини за обработка на Вашите лични податоци и правна основа за тоа се: КОИ СМЕ НИЕ И КОИ СТРАНИЦИ СЕ ПОКРИЕНИ СО ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ


Активност: Одржување и поддршка за користење на веб-страницата.


Кога користите онлајн услуги регулирани со нашите општи услови и одредби (на пример, поради купување преку онлајн продавница или пријава на наградна игра или натпреварување), ние односно дозволени трети страни ќе ги обработуваат личните податоци на бројни начини со цел успешно давање услуги преку веб-страница. Тоа може да ги вклучува, помеѓу другите, следните активности: потврда на идентитетот, откривање на измама или потврда на автентичноста, исполнување на услугата, водење наградни игри, натпреварување, повици за членство, промотивни активности, спроведување на плаќањето или наплатата, поддршка за купувачите или каква било моментална комуникација во врска со услугата. Исто така, анализата на корисничкото искуство може да ни овозможи унапредување и подобрување на нашите услуги и процеси. На пример, кога ќе нè повикате на телефон (контакт за купувачите е достапен на нашата веб-страница), претходно ќе Ве известиме дека повикот може да биде сниман поради унапредување на услугата, квалитетот или можната ревизија.


Правна основа:


Нужно поради исполнување на договорот; Легитимни интереси со цел ефикасно давање на услуги преку веб-страница.


Таму каде што се нужни лични податоци за склучување договор ќе напоменеме кои податоци се нужни. Недавањето на такви нужни податоци ќе го оневозможи давањето на бараната услуга.


Активност: Постапување по Вашите барања.


Ќе обработуваме лични податоци при постапување по Ваше барање кое е упатено преку веб-страница (на пр. кога барате брошура или кога ќе пријавите дека „сакате да примате известувања“, или кога давате податоци преку кој било веб-образец или поле). Покрај наведеното, обработуваме Ваши лични податоци и за да Ви ја персонализираме веб-страницата со цел поедноставно користење.


Правна основа:


Легитимни интереси со цел ефикасно давање услуги преку веб-страници.


Активност: Подобрување на веб корисничкото искуство.


Ситуации кога за Вас однапред пополнуваме одредени полиња на веб-страницата за да Ви овозможиме поуспешно и подобро онлајн искуство.


Правна основа:


Легитимни интереси со цел подобрено, поедноставно и поуспешно користење на веб-страницата.


Активност: Интерно истражување и развој.


За потребите на интерното истражување, развојот, аналитиката и анализата и со цел известување; На пример, надзор на моменталните перформанси на возилото, предвидување на трендови или перформанси, развој на нови функции, производи или услуги, или поради утврдувања на согласност со применливото законодавство.


Правна основа:


Легитимни интереси во проценување и подобрување на перформансите, усогласување со применливото законодавство, следење на трендовите во развојот на нови производи.


Активност: Маркетиншки активности.


Ќе ја добиеме Вашата дозвола за маркетиншки активности притоа користејќи електронска комуникација (на пр. е-пошта, СМС, итн.), а можеме да ги проследиме Вашите податоци за електронски маркетинг мрежи на нашите независни трети лица, под услов дека за тоа претходно сте дале дозвола. Исто така, ќе ги усогласиме нашите обврски во однос на личните податоци коишто ги примаме преку колачиња на нашите веб-страници.


Останатите маркетиншки активности ќе се одвиваат врз основа на проценетиот легитимен интерес. На пример, кога работиме целни маркетиншки стратегии или кога испраќаме целни маркетиншки пораки преку пошта, социјални мрежи или трети платформи, и кога на постојните купувачи им даваме информации за слични производи и услуги.


За да ги унапредиме услугите коишто ги нудиме преку нашата веб-страница, можеме повремено да Ве замолиме да учествувате во истражување/анкета. Целосно зависи од Вас дали сакате да го направите тоа или не.


Ќе користиме профилирање и ќе спроведуваме истражување и аналитички активности за да го подобриме нашиот маркетинг, за подобро да ги разбереме потребите на нашите купувачи и посетители, за да го поддржиме маркетингот на нашата веб-страница и за да ги унапредиме информациите коишто се даваат на веб-страницата, нејзината функционалност и пристапот до услугите.


Правна основа: Дозвола


Напомена: Кога ги собираме Вашите лични податоци со дозвола, истата можете да ја повлечете во секој момент за каква било тука наведена цел на обработка. За повеќе детали Ве молиме да го прочитате Дел 7 - Вашите права во врска со заштитата на личните податоци - повлекување на дозволата.


(Ова право не влијае на законитоста на обработката извршена пред повлекување на дозволата).


Легитимни интереси со цел директен маркетинг.


Активност: Одржување на податоците и општа администрација.


За да ги одржуваме нашите податоци, да ја администрираме и одржуваме нашата веб-страница, да одговараме на Вашите прашања, како и за потребите на интерната обработка и административните цели (на пример, решавање проблеми, тестирање, поддршка на ревизија, реагирање на Ваши прашања, прашање во врска со заштита на податоци).


Правна основа:


Легитимни интереси во соодветно одржување на работата на веб-страницата, администрирање и чување на податоците.


Активност: Мрежна и информациска сигурност:


За да ги сочуваме мрежната и информациската сигурност и за да преземеме чекори за заштита на Вашите податоци од загуба, оштетување, кражба или неовластен пристап. Воедно и за да ги избереме соодветните локации за сервери (на пример, можеме да соработуваме со трети лица заради користење на соодветни облак услуги).


Правна основа:


Соодветни легитимни интереси заради осигурување на мрежна и информациска сигурност.


Активност: Корпоративни аквизиции или отуѓувања.


Кои било обработувани податоци што се нужни во контекстот на корпоративните аквизиции или отуѓувања.


Правна основа:


Легитимни деловни интереси. Правна обврска


Активност: Усогласување со правните и регулаторните барања.


За да се усогласиме со правните и регулаторните барања односно прописи, за да ги оствариме или одбраниме правата, или заради спречување/откривање криминал (вклучувајќи каде е потребна соработка со јавните органи - Агенција за заштита на личните податоци, МВР или кое било друго тело со јавни овластувања).


Правна основа:


Легитимни интереси со цел усогласување со законите и регулативата, вклучувајќи го и реагирањето на правните обврски на регулаторот.


Активност: Комуникација заради итни сервиси.


Во случаи кога Ви доставуваме итно известување за сигурност или повлекување на производ.


Правна основа:


Заштита на виталните интереси. Правна обврска


4. СО КОГО ГИ СПОДЕЛУВАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ


Вашите лични податоци можеме да ги споделуваме:


  • со трети страни коишто податоците мораат да ги обработуваат за да Ви ги овозможат производите, услугите што сте ги побарале или на кои сте се претплатиле, на пример, давање или нудење на финансирање или кредит односно осигурување, давање поддршка во маркетинг и огласување, или за оптимизација на веб-услуги.

  • со група на компании JLR, мрежа на наши овластени трговци и сервисери и, каде што е применливо, мрежа на наши увозници (сите заедно: „продажна мрежа“), сето тоа како би биле во можност да го исполниме Вашето барање за испорака на производ или услуга, итн., потоа за анализи и обуки, за да можеме да го унапредиме квалитетот на нашите услуги кои ги користите, особено кога сте во комуникација со нашата продажна мрежа.

  • со компании внатре во групацијата Jaguar Land Rover во согласност со правилата за обработка утврдени во оваа Политика за приватност.

  • со која било трета страна во случај да продадеме или купиме кој било субјект или имот.

  • доколку сме во законска односно правна обврска да ги откриеме Вашите лични податоци, а за да можеме да постапуваме во согласност со барањата на регулаторот или кое било друго јавно-правно тело или за да можеме присилно да ги извршиме одредбите на оваа Политика или за да можеме да ги истражиме сигурносните инциденти што се случиле односно ако се посомневаме дека се случиле.


Ги користиме сите заштитни механизми при деловни односи со нашите подизведувачи за да се осигураме дека Вашите лични податоци се сигурни и се користат во согласност со целите утврдени во оваа Политика за приватност.


САКАМ ДА ЗНАМ ПОВЕЌЕ...


…За Нашата мрежа на независни трети страни...


Соработуваме со бројни независни трети страни како би Ви ги понудиле нашите услуги како што се нашата продажна мрежа или продавачи на нашите производи по пат на лизинг или наем. Вашите лични податоци може да се дадат директно до тие лица (на пример, доколку ги контактирате преку телефон, е-пошта или преку веб-страница) или пак личните податоци може да се дадат од нас кон тие лица каде што тоа е соодветно, за да успешно се даде одговор на Вашите барања, или за да се задоволат други барања за услуги.


Кога ја користите веб-страницата за македонскиот пазар за да остварите контакт со нашата продажна мрежа, давателите на наши производи по пат на кредит или лизинг, тие лица се (освен доколку строго не е наведено поинаку) независни и не припаѓаат на групацијата JLR.


Информации за продажната мрежа:


За Jaguar:


  • Нашата продажна мрежа е достапна преку веб-страницата под „пронајди овластен трговец”. Можете да ги препознаете според нивното име, локација или поштенски број. Контакт податоци на нашиот овластен трговец за Македонија се достапни на веб-линкот: https://macedonia.jaguar.com/service


3а Land Rover:


  • Нашата продажна мрежа е достапна преку веб-страницата под „пронајди овластен трговец”. Можете да ги препознаете според нивното име, локација или поштенски број. Контакт податоци на нашиот овластен трговец за Македонија се достапни на веб-линкот: https://macedonia.landrover.com/dealer-locator


… За добавувачите...


Соработуваме со бројни даватели на услуги кои се поддршка на нашето работење, па затоа можат да имаат пристап до нашите системи и лични податоци за да Ви пружат услуги директно или во наше име, на пример, даватели на платежни услуги, информациски технологии како што се сервер хостинг, маркетинг или поддршка во дигитално огласување, поддршка за купувачите, специјалисти за онлајн системи или услуги, поддршка на веб-аналитичари, примање на онлајн нарачки, испораки или поддршка за разни настани.


… За јавно-правните тела, рагулаторот, односно спроведување на законот...


Одвреме-навреме, полицијата, други тела со јавно овластување, односно регулаторите можат да побараат пристап до личните податоци, како на пример со цел спречување или откривање на криминал или заради откривање или гонење на сторители на кривично дело.


5. ПРЕНОС НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НАДВОР ОД ЕВРОПСКАТА УНИЈА


Веб-страницата Jaguar Land Rover Македонија користи сервери кои се лоцирани во Европската Унија. Меѓутоа, личните податоци собрани преку веб-страниците можеме да ги пренесеме до нашите добавувачи надвор од Европската Унија кога е тоа нужно за целите кои се веќе опишани погоре. Кога тоа ќе се случи, ќе ги примениме сите заштитни мерки за заштита на лични податоци. Притоа се врши проценка дали таа трета земја остварува доволни мерки за заштита на личните податоци, дали користи стандардни договорни клаузули одобрени од страна на Европската комисија каде што е тоа соодветно, како и проценка на добиените сертификати за заштитен штит за субјекти лоцирани во САД, кога е тоа применливо.


САКАМ ДА ЗНАМ ПОВЕЌЕ ...


… За начинот на проверка на заштитните мерки што се спроведуваат за преноси на личните податоци надвор од ЕУ


Кога Wallis Adria и Automobili Group пренесуваат лични податоци до трето лице со локација надвор од ЕУ, при проценката на адекватноста на заштитата пред преносот се анализираат следните фактори:


Претходна проверка за да се утврди дали постои или не одлука на Европската комисија за соодветноста на степенот на заштита за одделна земја


Некои добавувачи се лоцирани во државите за кои Европската комисија утврдила дека на соодветен начин осигуруваат заштита на личните податоци. Целосниот список на тие земји на денот на објава на оваа Политика за приватност е: Андора, Аргентина, Канада, Фарски Острови, Гернси, Израел, Швајцарија, Џерси, Нов Зеланд, Уругвај и Островот Ман. (Европската комисија, исто така, утврдила соодветна програма за заштита на приватноста договорена помеѓу ЕУ и САД детално опишан подолу). Деталниот список на земјите како и информациите за соодветноста на заштитата на личните податоци се наоѓа на



Користење на мерките како што се мерките на Европската комисија заради утврдување на соодветноста на преносот на личните податоци.


Некои добавувачи се лоцирани во други земји во светот. За да ја усогласиме заштитата на личните податоци со можните преноси во тие земји ќе користиме механизми за пренос на лични податоци кои ги одобрила Европската комисија како што е користење на договорни клаузули одобрени од страна на комисијата. Исто така, ќе проценуваме, каде што тоа е применливо, дали добавувачот е во можност да ни демонстрира дека користи обврзувачки корпоративни правила (Обврзувачки корпоративни правила е механизам од Уредбата во врска со заштитата на личните податоци кој осигурува соодветен пренос на лични податоци). Смееме да соработуваме со добавувачи кои се во можност да ни демонстрираат дека поседуваат важечки сертификати во врска со заштитата на личните податоци



6. КОЛКУ ДОЛГО ГИ ЧУВАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ


Вашите лични податоци ги чуваме онолку долго колку што е потребно за успешно да ги исполниме нашите обврски базирани на испорака на производи или давање услуги. Исто така, личните податоци можеме да ги чуваме доколку е тоа нужно заради исполнување на нашите правни обврски или за да одговориме на Вашите барања или за да оствариме правни барања, потоа заради нашиот легитимен интерес како групација или за да ги елиминираме можните спорови.


Критериуми врз основа на кои го утврдуваме периодот на чување на личните податоци се информации за чување кои се достапни преку веб-страницата или во услови и одредби на истата. Воедно ќе користиме и критериуми како што се применливи одредби на договорот што е на сила, рокови пропишани со закони или прифатливи индустриски стандарди.



7. ВАШИ ПРАВА ВО ВРСКА СО ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ.


Правата кои ги остварувате во врска со заштитата на личните податоци вклучуваат: право да во секој момент можете да ја повлечете дозволата таму каде што претходно сте ја дале, право да во секој момент бидете известени и да имате пристап до Вашите лични податоци, право на исправка на кој било неточно запишан или неправилен личен податок, потоа во одредени случаи право на ограничување на обработката на личните податоци, право на заборав, право на приговор на начинот на обработката на Вашите лични податоци, право на пренос на Вашите лични податоци на други организации.


Настојуваме да се осигураме дека Ви даваме поддршка по највисоки стандарди. Доколку имате потреба или сакате да нè контактирате во врска со прашања за заштита на личните податоци, Ве молиме да нè контактирате користејќи ја која било адреса за е-пошта наведена подолу со напомена дека темата е - заштита на личните податоци. Наведените адреси за е-пошта се контакт детали за нашиот службеник за заштита на личните податоци кога прашањата се однесуваат на таа тема:


jlr-privacy@autowallis.com


Доколку не сте задоволни, имате право да поднесете приговор до надлежната Агенција за заштита на личните податоци.


Доколку сакате да знаете повеќе за правата во врска со заштитата на личните податоци, Ве упатуваме на текстот подолу „сакам да знам повеќе“.


САКАМ ДА ЗНАМ ПОВЕЌЕ...


… за моите права во врска со заштитата на личните податоци


  • Доколку сте дале согласност за обработка на Вашите лични податоци, вклучувајќи и за електронски маркетиншки комуникации, имате право да ја повлечете претходно дадената дозвола во секое време. Едноставно одјавете се преку опцијата што Ви е дадена, на пример, опцијата за одјава ќе се наоѓа во електронска маркетиншка порака по е-пошта која ја примате од нас.

  • Можете да побарате пристап до Вашите лични податоци кои ги обработуваме, да приговорите на таквата обработка, да барате да поправиме кои било неточни податоци, да ја ограничиме обработката или да престанеме со обработка или тие податоци да ги избришеме. Доколку од нас барате да ги избришеме личните податоци или да престанеме да ги обработуваме, нема секогаш да бидеме приморани на тоа. Во тој случај, ќе образложиме зошто.

  • Во одредени ситуации можете да побарате од нас да Ви ги доставиме Вашите лични податоци во машински-читлив електронски формат и истите да ги пренесеме на трето лице (право на пренос). Ова право се применува само во одредени околности. Таму каде што не се применува ќе Ве известиме зошто не се применува.


… Како можам да се обратам до Агенцијата за заштита на личните податоци.


  • Агенцијата за заштита на личните податоци е тело во Република Северна Македонија што е надлежно за заштита на лични податоци. Агенцијата можете да ја контактирате преку нивната веб-страница: https://azlp.mk/

  • Агенцијата можете да ја контактирате преку телефон +389 2 3230 635, преку е-пошта info@privacy.mk или преку пошта на нивната адреса: Агенција за заштита на личните податоци, булевар „Гоце Делчев“ бр. 18, поштенски фах 417, 1000 Скопје, Република Северна Македонија.


8. ЛИНК НА ДРУГИ ВЕБ-СТРАНИЦИ


Нашите веб-страници можат да имаат линкови до други веб-страници со коишто управува друга организација над која немаме надзор. Оваа Политика за приватност не се однесува на такви веб-страници, па затоа Ви обрнуваме внимание да ја проучите Политиката за приватност на тие веб-страници. Не преземаме одговорност за политики за приватност и пракси на други веб-страници или апликации (дури и ако им пристапите преку линкот што го даваме ние), бидејќи тие линкови Ви ги даваме исклучиво заради информативни цели и од практична причина. Посебно отстрануваме одговорност за содржината на тие веб-страници, праксите во заштита на приватноста и правилата на користење и не даваме никаква поддршка или ветување за нивната точност на податоци или содржина.


9. ЧУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ЛИЧНО ПОДАТОЦИ НА СИГУРЕН НАЧИН


Ги преземаме сите нужни чекори за да бидеме сигурни дека Вашите лични податоци се заштитени и дека се обработувани во согласност со оваа Политика за приватност. Бараме од сите наши даватели на услуги да применуваат соодветни заштитни мерки за да може што повеќе да се осигура заштита на Вашите лични податоци.


Таму каде што сме Ви дале (или каде што сте избрале) лозинка која Ви овозможува пристап до персонализирана содржина на оваа веб-страница, одговорни сте за чување на таа лозинка. Ве молиме со никого да не ја споделувате Вашата лозинка.


За жал, преносот на податоци преку интернет не е во целост сигурен. Иако ќе ги преземеме сите напори за да ги заштитиме Вашите лични податоци, не можеме да гарантираме за сигурност на Вашите податоци кои се пренесуваат преку интернет; кој било пренос се врши на Ваш ризик. Вашата информација ќе биде чувана на сигурен начин и во сигурно опкружување, заштитена со комбинацијата на технички и организациски мерки како што се енкрипциски технологии или проверка на автентичноста, сè за да се спречи каква било загуба, злоупотреба, измена, откривање, уништување, кражба или неовластен пристап до личните податоци.


10. ДРУГИ ВЕБ-СТРАНИЦИ И НИВНИТЕ ПОЛИТИКИ ЗА ПРИВАТНОСТ


Заради транспарентност, оваа Политика за приватност не ги покрива сите веб-страници на брендовите на JLR, па оттаму Ве молиме да ја проучите Политиката за приватност на тие веб-страници што ги посетувате.


Имајте на ум дека следните веб-страници имаат сопствени услови и одредби како и Политика за приватност, поради што не се покриени со оваа Политика за приватност.


Веб-страници за InControl:



Тоа се веб-страници за кои Jaguar Land Rover Limited ја води обработката и се водат со посебни Политики за приватност и правила на веб-страници.


11. Акт на ЕУ за податоци и пристап до податоци


JLR осигурува дека со сите податоци кои ги собираме, складираме или обработуваме се постапува на начин кој ги почитува Вашите права. Во целост се придржуваме до сите релевантни прописи на ЕУ, вклучувајќи го Актот на ЕУ за податоци, кој ги уредува пристапот, споделувањето и употребата на податоците внатре во Европската Унија. Во согласност со Актот на ЕУ за податоци, осигуруваме дека нашите клиенти и овластени трети страни имаат сигурен и транспарентен пристап до своите податоци. Секое споделување на податоци со трети страни се спроведува потполно во согласност со Актот на ЕУ за податоци и подлежи на строги мерки на сигурност и доверливост.


Ако сакате да ги остварите своите права според Актот на ЕУ за податоци, вклучувајќи го поднесувањето на барање за бришење, исправка или пренос на податоци, контактирајте нè на jlr-privacy@autowallis.com. Посветени сме на почитување на Вашите права за заштита на податоците и навремената обработка на сите барања во согласност со прописите.