ИСТРАЖЕТЕ ГО JAGUAR F-PACE

ИСТРАЖЕТЕ ГО JAGUAR F-PACE

МОЌНИ ПРОПОРЦИИ

Впечатлива силуета што е извајана околу уникатната предна украсна маска, инспирирана од нашата препознатлива монограм декорација.

Опционалните Пиксел ЛЕД фарови со препознатливо светло за дневно возење DRL обезбедуваат поголема видливост во секакви услови.

F-Pace 24MY
КЛИКНЕТЕ ЗА КОМУНИКАЦИЈА

СОФИСТИЦИРАНА ЕЛЕГАНЦИЈА

Мирна, едноставна внатрешност исполнета со природна светлина од опционалниот лизгачки панорамски покрив. Изберете ги седиштата Performance од кожата Windsor за да ги почувствувате врвните перформанси и комфор.
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

ПРЕЦИЗНИ ПЕРФОРМАНСИ

Бескомпромисни перформанси во широката палета на мотори; сите поврзани преку интелигентната динамика на Jaguar и технологијата за погон на сите тркала AWD на Jaguar.

Врвна ефикасност од Jaguar F-PACE плаг-ин хибрид со автономија во режим на струја до 65 km.

ИНТЕЛИГЕНТНИ РЕЖИМИ ЗА ВОЗЕЊЕ

Хибридниот режим (Hybrid Mode) ја оптимизира ефикасноста. Режимот за заштеда (Save Mode) го полни енергетското ниво на батеријата што можете да го користите во режимот за електрично возило (EV Mode) - совршено за патување низ градските зони со чист воздух.
АВТОНОМИЈА ВО РЕЖИМ НА СТРУЈА
ИНТЕЛИГЕНТНО ПОЛНЕЊЕ

СПЕЦИФИКАЦИИ

0-100 KM/H

4,0 секунди

0-60 mph за 3,8 секунди со Jaguar F-PACE P550.

МАКСИМАЛНА МОЌНОСТ

575 PS**

400kW кај Jaguar F-PACE P575.

ЕМИСИЈА НА ИЗДУВНИ ГАСОВИ (ОД)

37 g/km**

ВОЛУМЕН НА БАГАЖНИОТ ПРОСТОР

1.842 литри

Воден волумен измерен со симулација на полнење на багажниот простор со течност кај Jaguar F-PACE P250.

УПРАВЛИВОСТ СО БРЗА РЕКАЦИЈА

Реагирајте на патот пред Вас во реално време. Опционалниот систем Приспособлива динамика на Jaguar F-PACE автоматски ги приспособува потпирањето на автомобилот, менувањето на степени на пренос и управувањето за да се добие оптимално доживување во возењето. Преземете ја контролата во свои раце со системот Динамика којашто може да се конфигурира за да одговара на Вашиот стил на возење.

ДОВЕРБА ВО СИТЕ УСЛОВИ

Со системот Погон на сите тркала (AWD) можете да возите со доверба во сите услови. За помалку предвидливите ситуации изберете го опционалниот Систем за приспособување кон површината (AdSR), којшто постојано го анализира патот пред Вас за да обезбеди оптимална тракција.

ИНСТИНКТИВНА ИНВЕНТИВНОСТ

Беспрекорно чувство за поврзување со бројни технологии што ги командувате.

БИДЕТЕ ВО ТЕК

Фокусирајте се на патот пред Вас со помош на проширената реалност во возењето. Опционалниот интерактивен дисплеј за возачот (IDD) од 12,3 инчи и Head-up дисплејот1 можат да се конфигурираат да ги прикажуваат битните информации за Вашето патување.

БЕЗЖИЧНО ПОЛНЕЊЕ

Напојувајте го Вашиот компатибилен уред од лежиштето за полнење во централната конзола.

СИСТЕМ ЗА ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ВОЗДУХОТ ВО КАБИНАТА

Со опционалниот систем за прочистување на воздухот во кабината можете да ги филтрирате загадувачите, како прашина и полен.

ПАКЕТ DRIVER ASSIST

Приспособлив темпомат со Помош за управување, технологија на Jaguar што гарантира мирно возење.

ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ИСТРАЖУВАТЕ

МОДЕЛИ

МОДЕЛИ

Погледнете ја целата серија на модели и спецификации.
ПРЕГЛЕД

ПРЕГЛЕД

Неспоредлива сестраност со уникатен дизајн на Jaguar.

**Погледнете ги WLTP вредностите

Наведените вредности се според официјалните тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ со целосно наполнета батерија. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за емисијата на CO2, потрошувачката на гориво, потрошувачката на енергија и автономијата можат да варираат во зависност од неколку фактори како што се стилот на возење, условите на околината, товарот, вградените тркала, вградените додатоци, актуелната патека и состојбата на батеријата. Вредностите за автономијата се базираат на сериско возило по стандардизирана патека.

1Опционална карактеристика. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.
2Системот Поврзана навигација ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Jaguar.

Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) и пазарот, или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.

Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.

Карактеристиките на Pivi и InControl, услугите од трети страни, опциите и нивната достапност и понатаму се во зависност од пазарот – проверете кај Вашиот локален продавач на Jaguar за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар. Одредени функции доаѓаат со претплата што ќе бара подоцнежно обновување по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. Информациите и сликите што се прикажани во однос на InControl технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на ажурирања на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции. Amazon, Alexa и сите поврзани лого знаци се трговски марки на Amazon.com, Inc. или неговите филијали. Одредени функции на Alexa зависат од технологијата паметен дом. За да користите Amazon Alexa треба да имате Amazon сметка.

MeridianTM е регистрирана трговска марка на Meridian Audio Ltd. Trifield и уредот three fields е трговска марка на Trifield Productions Ltd.