ИСТРАЖЕТЕ ГО JAGUAR E-PACE

ИСТРАЖЕТЕ ГО JAGUAR E-PACE

СИЛА И СТАБИЛНОСТ

Извајана надворешност со самоуверен став. ЛЕД фаровите со напредна технологија за долги светла се насочени кон уникатниот монограм во црна сјајна боја.

E-Pace 24MY
КЛИКНЕТЕ ЗА КОМУНИКАЦИЈА

ЗАВРШНА ОБРАБОТКА СО ЕЛЕГАНТНИ ДЕТАЛИ

Секој детаљ во внатрешноста е изработен прецизно; од порабување во стилот на топче за крикет до монограм декорација изгравирана на вртливите копчиња, знак на Ковентри на седиштата и наслони за глава со знакот со јагуарот во скок (заштитен знак на Jaguar).
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

МОЌНОСТ И АГИЛНОСТ

Ослободете ги електричните перформанси поткрепени со инженерингот на Jaguar.

ИНТЕЛИГЕНТНИ РЕЖИМИ ЗА ВОЗЕЊЕ

Хибридниот режим (Hybrid Mode) ја оптимизира ефикасноста. Режимот за заштеда (Save Mode) го полни енергетското ниво на батеријата што можете да го користите во режимот за електрично возило (EV Mode) - совршено за патување низ градските зони со чист воздух.
АВТОНОМИЈА ВО РЕЖИМ НА СТРУЈА
ИНТЕЛИГЕНТНО ПОЛНЕЊЕ

СПЕЦИФИКАЦИИ

0-100 KM/H

7,3 секунди

0-100 km/h за 6,5 секунди кај Jaguar E-PACE P300e.

МАКСИМАЛНА МОЌНОСТ

269PS

227 kW кај Jaguar E-PACE P300e.

ЕМИСИЈА НА ИЗДУВНИ ГАСОВИ (ОД)

33g/km ††

Нулта емисија на издувни гасови во режимот за електрично возило EV.

ВОЛУМЕН НА БАГАЖНИОТ ПРОСТОР

601литри

Воден волумен се мери со симулација на полнење на багажниот простор со течност.

УПРАВЛИВОСТ СО БРЗА РЕКАЦИЈА

Реагирајте на патот пред Вас во реално време. Опционалниот систем Приспособлива динамика на Jaguar E-PACE автоматски ги приспособува потпирањето на автомобилот, менувањето на степени на пренос и управувањето за да се добие оптимално доживување во возењето. Преземете ја контролата во свои раце со системот Динамика којашто може да се конфигурира за да одговара на Вашиот стил на возење.

ДОВЕРБА ВО СИТЕ УСЛОВИ

Контролирајте ги перформансите на Вашиот Jaguar E-PACE преку избор на една од четирите поставки на системот JaguarDrive Control. Оптимизирајте за перформанси, комфор или ефикасност. Во неповолни временски услови изберете го режимот Дожд, мраз и снег (Rain, Ice and Snow) за автоматско приспособување на поставките на моторот и кочниците за да се добие максимална тракција.

ПОВРЗЛИВОСТ И КОМФОР

Беспрекорно чувство за поврзливост. Технологија креирана околу Вас.

ОСТАНЕТЕ ПОВРЗАНИ

Најдобриот придружник во возењето. Поврзете се со Pivi Pro1 преку елегантниот заоблен екран на допир од 11,4 инчи со гласовна контрола на Alexa. Сите системи нека бидат во тек со помош на ажурирањата на функцијата SOTA (software-over-the-air).

СЕГА ЛЕСНО СЕ ДИШЕ

Опционалниот систем за прочистување на воздухот во кабината го мери квалитетот на воздухот во внатрешноста, а во исто време го скенира и филтрира влезниот воздух од загадувачи, како што се прашина и полен.

БИДЕТЕ ВО ТЕК

Останете фокусирани на патот пред Вас. Изберете интерактивен дисплеј за возачот (IDD) што може да се конфигурира со екран од 12,3 инчи и Head-up дисплеј, овозможувајќи Ви краток преглед на важните информации.

НЕПРЕЧЕН ПОГЛЕД

Гледајте го патот зад Вас со ретровизорот ClearSight.5 Не е важно дали позади има многу багаж или високи патници, видео приказот во живо гарантира јасен поглед.
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ИСТРАЖУВАТЕ

МОДЕЛИ

МОДЕЛИ

Погледнете ја целата серија на модели и спецификации.
ПРЕГЛЕД

ПРЕГЛЕД

Неспоредлива сестраност со уникатен дизајн на Jaguar.

††Погледнете ги WLTP вредностите

Наведените вредности се според официјалните тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ со целосно наполнета батерија. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за емисијата на CO2, потрошувачката на гориво, потрошувачката на енергија и автономијата можат да варираат во зависност од неколку фактори како што се стилот на возење, условите на околината, товарот, вградените тркала, вградените додатоци, актуелната патека и состојбата на батеријата. Вредностите за автономијата се базираат на сериско возило по стандардизирана патека.


1Системот Поврзана навигација ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Jaguar.

2Вашиот автомобил е подготвен за Apple CarPlay. Услугите што се нудат преку Apple CarPlay зависат од достапноста на функцијата во Вашата земја. За подетални информации погледнете на https://www.apple.com/uk/ios/feature-availability/#apple-carplay.

3Вашиот автомобил е подготвен за Android Auto. Услугите што се нудат преку Android Auto зависат од достапноста на функцијата во Вашата земја. За подетални информации погледнете на https://www.android.com/auto/.

4Само компатибилни паметни телефони.

5Опционална карактеристика. Подлежи на локалните прописи. Ако корисниците на бифокални или прогресивни (варифокални) наочари не можат едноставно да го прилагодат фокусот на дигиталната слика на ретровизорот ClearSight, тие можат да го вратат нормалниот режим на ретровизорот во секое време.


Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) и пазарот, или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.


Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.


Карактеристиките на Pivi и InControl, услугите од трети страни, опциите и нивната достапност и понатаму се во зависност од пазарот – проверете кај Вашиот локален продавач на Jaguar за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар. Одредени функции доаѓаат со претплата што ќе бара подоцнежно обновување по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. Информациите и сликите што се прикажани во однос на InControl технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на ажурирања на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции. Amazon, Alexa и сите поврзани лого знаци се трговски марки на Amazon.com, Inc. или неговите филијали. Одредени функции на Alexa зависат од технологијата паметен дом. За да користите Amazon Alexa треба да имате Amazon сметка.


MeridianTM е регистрирана трговска марка на Meridian Audio Ltd. Trifield и уредот three fields е трговска марка на Trifield Productions Ltd.


Apple CarPlay е трговска марка на Apple Inc. Може да се применуваат условите за користење за крајниот корисник на Apple Inc.


Android Auto e трговска марка на Google LLC.